speleo e-прирачникот е во бета верзија. кликнете на книгата!

Почетна Следна

1. Минерали

 

Минералите што учествуваат во градбата на карпите се нарекуваат петрогени минерали. Најважни петрогени минерали кои учествуваат во градбата на карбонатните карпи се карбонатите. Карбонатите се соли на јаглеродната киселина. Минералите од оваа група настануваат со излачување и таложење од топли и студени раствори и води, како и со процесите на дезинтеграција на магматските минерали кои содржат цалциум и магнезиум. Карбонатите се најмногу застапени кај седиментните карпи и тоа како главни состојки. Поважни петрогени минерали се калцит и доломит.

            Според хемискиот состав калцитот е калциум карбонат. Кристализира хексагонално. Во карпите најчесто се појавува во вид на зрна или правилни ромбоедри. Цепливоста му е убаво изразена. Бојата може да биде млечно бела, бела, сива, жолтеникава, а може да биде безбоен или бистар како стакло. Најмногу е застапен во мермерите, варовниците и лапорците.

            Доломитот според хемискиот состав е карбонат на калциум и магнезиум. Кристализира хексагонално. Најчесто се јавува како ромбоедарски кристали или во форма на зрна. Цепливоста му е совршена. Бојата е различна, но најчесто е жолта или бела. Настанува со преобразба со замена на дел од калциумот со магнезиум. Како битна состојка се појавува кај седиментните карпи: доломитски варовници, доломитски мермери и др.   

 

Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани