За нас
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Линкови
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

назад

     Извештај од меѓународната спелеолошка експедиција во Црна Гора


Во периодот од 20.07-07.08.2011 во Црна Гора се одржа меѓународна спелеолошка експедиција. Македонскиот тим се приклучи во втората смена односно од 1. август. Базниот камп се наоѓаше во селото Црквице околу 70 км оддалечено од Никшиќ во северозападен правец. Втората група ја сочинуваа околу дваесетина членови од Црна Гора, Македонија и Словенија.
            Во текот на експедицијата се испитаа повеќе од 30 хоризонтални и вертикални спелеолошки објекти. Секојдневно членовите се делеа во 2-3 тима и на различни локации испитуваа јами и пештери за прв пат. Секојдневно јамите се опремуваа и распремуваа (поставување на фиксни сидришта, што и не е така тешка задача кога се има бормашина) и се вршеше мерење и техничко прикажување на истите. За жал, за разлика од наредните години, оваа година немаше премногу длабоки јами, најдлабоката беше -103 метри, а втората најдлабока -97 метри, но секако тоа незначи дека експедицијата беше неуспешна.
            Бројните војни на овој регион оставиле траг, во повеќето јами имаше голем број на куршуми , кои само по себе не се никако опасни, но и имаше и доста рачни бомби од постаро и поново време. Многу е лошо чувсвото кога пред да влезеш во јамата фрлаш големи камења за да ја процениш длабочината и на дното те чекаат експлозивни направи. За среќа ниту една не се активира, незнам колку и дали е можно тоа да се случи после толку време, но како и да е не ризикувавме со нивно допирање и преместување.
            Нешто што остави посебен впечаток беше гостопримството на локалците. Секое идење на некој терен значеше и идење во некое од околните села по водич, кои секако најдобро го знаат теренот. Без кафе, сок, ракија(никако да не се конзумира пред влез во вертикален објект J), закуска едноставно не беше возможно да се тргне на терен. На моменти дури и до самите јами носеа освежување, кои што и не беа така лесно пристапни.
            Покрај напорната работа секој ден, секоја вечер следеше дружба и муабет со шопска и ракија, пивце, винце итн.
            Посебна благодарност ред е да се упати на словенечките спелеолози на чија што покана присуствуваме за прв пат но не и последен, и што одвоија време сем официјалната работа на експедицијата да работат со младите македонски спелеолози од Спелеолошкиот клуб Златоврв Прилеп, кој научија доста нови техники, а и тие што ги знаеја ги доусовршија. 

П.С. да не звучи последниов пасус многу самобендисано, и мене ме исчеличија  дури шефица (читај Билјана Гичевски секретар на ИДУС) ми кажа дека сум поправен и извишен :)

 
 
 
Ursus Speleos 2010 Сите права задржани