Сообраќајната поврзаност до Споменикот на природа е преку сообраќајниците Скопје - Кичево -Македонски Брод (150 km) и Скопје-Кула (Јасен) -Македонски Брод (90 km). Од главниот магистрален пат до Споменикот на природа води локален асфалтен пат во должина од 1 km. Најголема населба во близина на заштитеното подрачје е Македонски Брод, оддалечена околу 15 km.