Почетна
За нас
Членови
Пештери
Туризам
Линкови
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

назад

     Извештај за теренски активности Октомври 2010

ПРОЕКТ "ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ПОВEЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ ЈАСЕН"

02.10.2010 година (сабота) 

Изведени се теренски истражувања на просторот на населеното место Нова Брезница, лоцирано во непосредна близина на Јасен. Истражувањата се посветени на социо-географските карактеристики на Нова Брезница. Спроведено е анкетирање на дел од жителите за да се дојде до изворни податоци за дел од минатото и сегашноста на ова населено место. Резултатите се драгоцени за добивање на претстава  за современите проблеми со кои се среќава ова население, како и лоцирање на приоритетните прашања кои треба да се имаат во предвид во плановите за идниот развој на селото и неговото опкружување.

Друга екипа од истражувачкиот тим вршеше геоморфолошки и спелеолошки истражувања во месноста Копање. Се анализираа површински карстни форми (вртачи, шкрапи, љочки) и детални спелеолошки истражувања (пештерска фауна, скицирање, опис, фотографирање) на пропастите Пеони I, Пеони III и Пеони IV. 

Листа на учесници:

  • 1. Мирјанка Маџевиќ

  • 2. Билјана Гичевски

  • 3. Славица Герасимова

  • 4. Оливер Гичевски

  • 5. Али Самет

  • 6. Марјан Комненов

  • 7. Бојан Петковски

  • 8. Диме Караташов

  • 9. Митко Ѓурчиновски

  • 10. Васил Апостолов

  • 09.10.2010 година (сабота)

    По претходно добиена дозвола од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, експертскиот тим на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје теренските истражувања ги спроведе во месностите Копање и Шиовец (надвор од територијата на заштитеното подрачје). Цел на теренските истражувања беа определување на карактеристиките на карстните и шумските предели во Јасен, флористичките одлики на теренот, испитување на без'рбетници, алги и истражување на површински, и посебно на подземни карстни форми. Од спелеолошките објекти беа делумно истражени пропастите Шиовец I и Шиовец II.

    Листа на учесници:

  • 1. Владо Матевски

  • 2. Славчо Христовски

  • 3. Златко Левков

  • 4. Билјана Гичевски

  • 5. Васил Анастасовски

  • 6. Али Самет

  • 7. Бојан Петковски

  • 8. Славица Герасимова

  • 9. Стојан Мишев

  • 10. Митко Ѓурчиновски

  • 10-11.10.2010 година (недела-понеделник)

    За овој викенд се посетија повеќе локалитети во повеќенаменското подрачје "Јасен". Прво се посети локалитетот Шиовец (надвор од територијата на "Јасен" и граничи со "Јасен") каде се завршија веќе започнатите спелеолошки истражувања на пропастите Шиовец I и Шиовец II (премер, скицирање, опис, фотографирање). Потоа детално се испита пропаста Пропаст, во месноста Пропаст.

    Во попладневните часови на релација Кула-Близанско се напушти резерваот Јасен, а следниот ден (11.10.2010 год.) се вршеа теренски истражувања од левата страна на езерото Козјак. Беа евидентирани и скицирани неколку поткапини во близина на езерото Козјак.  Во повисоките делови на Сува Гора се евидентира една пропаст и една пештера, но поради лошите временски услови (дожд)  истите не беа детално истражени. Сепак и покрај неповолните временски услови се направи успешен фотографски материал за предели.

    Листа на учесници:

  • 1. Васил Апостолов

  • 2. Стојан Мишев

  • 3. Али Самет

  • 4. Оливер Гичевски

  • 5. Бојан Петковски

  • 6. Митко Ѓурчиновски

  • 7. Билјана Гичевски

  • 14.10.2010 година (четврток)

    По претходно добиена дозвола од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, во околина на Селиште се изведоа теренски истражувања за областа габи. Во истражувањата покрај експертот од ИД "Урсус спелеос"-Скопје учество зема и експерт за габи од Германија. При теренските истражувања, на дел од релацијата се користеше и возило од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје.

    За време на истражувањето регистрирани се околу 80 видови на габи. Развој на териколни видови со доминација на сапроби и  микоризни видови од родовите (Suillus, Boletus, Amanita, Russula). Констатирани неколку ретки и нови видови за Македонија. 

    Листа на учесници:

  • 1. Митко Караделев

  • 2. Matthias Theiss

  • 3. Катерина Алексовска

  • 4. Ивана Војновиќ

  • 15.10.2010 година (петок)

    По претходно добиена дозвола од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, во околина на Црн Врв, во мешана борова и дабова шума и букова шума се изведоа теренски истражувања за областа габи. Во истражувањата покрај експертот од ИД "Урсус спелеос"-Скопје учество зема и експерт за габи од Германија. При теренските истражувања, на дел од релацијата се користеше и возило од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје.

    Во текот на истражувањето имало одлични услови за развој на габите. Регистрирани се над 100 видови на габи. Развој на териколни видови со доминација на сапроби и  микоризни видови од родовите (Cortinarius, Suillus, Lactarius, Boletus, Amanita, Russula). Констатирани неколку ретки и нови видови за Македонија.

    Листа на учесници:

  • 1. Митко Караделев

  • 2. Matthias Theiss

  • 3. Катерина Алексовска

  • 4. Ивана Војновиќ

  • 21.10.2010 година (четврток) 

    За ова теренско истражување не беше побарана дозвола од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје бидејќи се истражуваше областа Рудине. Цел на истражувањето беше пропаста Кај кашкал. Се изврши лоцирање на пропаста, нејзино скицирање, морфометриско и геолошко опишување и фотографирање. 

    Листа на учесници:

  • 1. Билјана Гичевски

  • 2. Бојан Петковски

  • 3. Стојан Мишев

  • 23.10.2010 година (сабота) 

    По претходно добиена дозвола од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, дел од експертскиот тим на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје спроведе теренски истражувања во и надвор од територијата на повеќенаменското подрачје "Јасен". Беа посетени месностите Копање, Рада, Урнат Камен (во "Јасен") и Шиовец (надвор од "Јасен"). Аспекти кои беа третирани се туризам и карстологија (површинска и подземна). Од туристички аспект природните и антропогените објекти беа класифицирани според критериумите: куриозитет, естетска вредност, рекреативна вредност и монументална вредност. Од геоморфолошки аспект беа евидентирани поголем број на површински форми (особено вртачи), а од спелеолошки аспект беше евидентирана и истражена една помала пропаст "Дупка". 

    Листа на учесници:

  • 1. Науме Мариноски

  • 2. Билјана Гичевски

  • 3. Оливер Гичевски

  • 4. Али Самет

  • 5. Стојан Мишев

  • 6. Димитар Соколовски

  • 24.10.2010 година (недела) 

    Теренските истражувања за овој ден не беа најавени во ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје бидејќи се користеше патниот правец Скпје-Групчин-Седларево-Гургурница-Здуње-Близанско. Најпрвин во селата Седларево и Гургурница се изведоа активности поврзани со областите социоекономски прашања и флора (газна флора). Потоа експертскиот тим од Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје во интерес на времето и предвидените теренски истражувања се подели на повеќе групи. Така една екипа ја истражуваше пропаста "Дрен", друга екипа вршеше спелеолошки и биоспелеолошки истражувања на прштерата "Змиска пештера", а останатиот дел од екипата вршеше истражувања по левата страна на езерото Козјак, се до селата Здуње и Близанско. Притоа беа третирани областите: флора, без'рбетници, социоекономски прашања и геоморфологија.

    Листа на учесници:

  • 1. Владо Матевски

  • 2. Драган Колчаковски

  • 3. Славчо Христовски

  • 4. Златко Левков

  • 5. Мирјанка Маџевиќ

  • 6. Билјана Гичевски

  • 7. Оливер Гичевски

  • 8. Али Самет

  • 9. Стојан Мишев

  • 10. Васил Атанасовски

  • 11. Бојан Петковски

  • 12. Митко Ѓурчиновски

  • 13. Трајче Митев

  • 26.10.2010 година (вторник) 

    За спроведеното теренско истражување не беше побарана дозвола од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје бидејќи истото се спроведе во околината на село Патишка Река, во дабово-габерова шума. Имаше одлични услови за развој на габите. Главен акцент е фрлен на истражување на економски значајни и отровни видови. Регистрирани се околу 50 видови на габи. Многу териколни видови со доминација на сапроби и  микоризни видови.

     Листа на учесници:

  • 1. Митко Караделев
  • 30.10.2010 година (сабота) 

    Извршени се теренски истражувања за социоекономски прашања во селото Патишка Река кое се наоѓа во непосредна близина на Јасен, а со својот атар се допира со заштитеното подрачје. Исто така се истражуваше и околината на Св. Петка, населено место чиј атар се допира со границата на Јасен.

    Листа на учесници:

  • 1. Мирјанка Маџевиќ

  • 31.10.2010 година (недела)

    Теренските истражувања се однесуваат на областа габи и истите се спроведени на локацијата Високи Рид и Цер, во заедници од дабово-габерова шума. Има одлични услови за развој на габите. Многу териколни видови со доминација на сапроби и микоризни видови. Собрани неколку ретки кортикоидни видови. Регистрирани се околу 70 видови на габи.

    Листа на учесници:

  • 1. Митко Караделев

  • 2. Искра Кајевска

  • 3. Марија Каркалашева

  •  

     
     
     
    Ursus Speleos 2010 Сите права задржани