Почетна
За нас
Членови
Проекти
Туризам
Галерија
Линкови 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   
Пештера СЛАТИНСКИ ИЗВОР
Низ тесна дупка со длабочина од 1,5 метри, по која мора да се ползи во вода, се влегува во засега најголемата македонска пештера Слатински Извор која се наоѓа во атарот на село Слатина, оддалечено петнаесетина километри од Македонски Брод.

повеќе...

Пештера ПУРАЛО
Пештерата Пурало се наоѓа од левата долинска страна на р. Треска, во долината на Слатинска Река, поточно во близина на составот на Марковска Река и Крушеска Река од чии води се формира текот на Слатинска Река.

повеќе...

Пештера ГОРНА СЛАТИНСКА

Пештерата Горна Слатинска се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба (751 м). Влезот на пештерата е на 620 м н.в. и е со југозападна експозиција. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост.

повеќе...

Пештера ОВЧАРСКА

Пештерата се наоѓа во непосредна близина на пештерите Горна Слатинска и Слатинска II. Влезот на пештерата е на надморска височина од 580 м и експониран кон северозапад. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост.

повеќе...

 
 
Пропаст СРТ
Пропаста Срт се наоѓа од левата долинска страна на река Треска, во североисточните делови на планината Осој, во месноста Каурски Зеленик. Непосредната околина е обрасната со нискостеблеста деградирана вегетација претставена со даб, смрека,зеленика и др. Влезот на пропаста е на надморска височина од 960 м и има северна експозиција.

повеќе...

Пропаст ЈАСИКА
Пропаста Јасика се наоѓа на Сува Планина, во месноста Јасика. До влезот се стигнува преку макадамски пат кој води од превојот Кула до пропаста. Влезот е на надморска височина од 1128 м.

повеќе...

Пештера МОМИЧЕК
Пештерата Момичек се наоѓа на западните падини на планината Даутица, околу 1.5 км југоисточно од село Горна Белица. Влезот на пештерата е на 850 м н.в. и е со северна експозиција. Пештерата е изградена во калцитски мермери со прослојци од доломити со прекамбриумска старост.

повеќе...

Пештера СТУДЕН КЛАДЕНЕЦ
Пештерата Студен Кладенец е лоцирана на западните падини на планината Даутица, во горниот тек на реката Шејтанка. Изградена е во некарбонатни карпи (албитски гнајс). Посебна специфика претставува подземниот речен тек.

повеќе...

   
 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани