За нас
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Линкови 
 

 

 

 

назад

     Втора работилница

 

 

ОДРЖАНА Е ВТОРАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА СТУДИЈАТА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ „ЈАСЕН“

 

Во периодот од 25 до 26 јануари 2011 год. се одржа втората работилница за Студијата за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Имено, оваа студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје „Јасен“ , е во рамките на Проектот : „Јакнење на еколошката, институционалната и финансиската одржливост за заштитените подрачја во Македонија“ на Министерството за животна средина и просторно планирање, кој е финансиран од Глобалниот еколошки фонд, а спроведуван од страна на UNDP. Дводневната работилница се одржа во Хотел Порта (Владимир Комаров б.б. – Општина Аеродром, спроти Вучко), на која што присуствуваа претставници од : Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- Државен инспекторат за шумарство и ловство, ЈПУЗПП „Јасен“, Општина Сарај, Градот Скопје, Природо научниот музеј на Македонија, Македонското еколошко друштво, Македонскиот зелен центар и др.

Целта на оваа работилница беше да се овозможи довршување на Студијата за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје Јасен врз основа на искажани мислења, коментари и сугестии од страна на претставниците на засегнатите страни но и да се постигне усогласување на стратешката рамка за подготовка на првиот нацрт на Планот за управување со повеќенаменското подрачје Јасен.

Очекуваните резултати од дводневната работилница беа следниве:

  • Обезбедување на дополнителни информации за довршување на Студијата за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје Јасен
  • Усогласена оценка на засегнатите страни
  • Усогласена оценка на вредностите на локалитетот
  • Усогласена оценка на заканите
  • Усогласена оценка на постоечката институционалнат поставеност и модалитетот за управување
  • Усогласена METT оценка
  • Усогласена визија и генерална стратешка рамка за подготовка на Планот за управување

 

Во првиот дел од работилницата, се презентираше Конечниот нацрт на Студијата за валоризација на повеќенаменското подрачје Јасен со предлог на категорија, надворешни граници и внатрешно зонирање, од страна на тим лидерот на експертскиот тим на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, м-р Билјана Гичевски.

Потоа следуваше конструктивна дискусија за засегнатите страни околу резултатите од студијата. Како резултат на истата произлезе да се внесат уште неколку технички измени и официјално да се предаде финалната верзија на Студијата.

Финалната нацрт студија, можете да ја најдете на следниов линк:          http://protectedareas.mk .

Вториот дел од работилницата беше превземен од страна на консултантот на УНДП/ГЕФ Mr.  Mike Appleton, кој што врз основа на Студијата, но и на вежбите од вториот дел од работилницата каде што сите учесници, а посебно Експертскиот тим на „Урсус спелеос“ партиципираа, собра значителен број на информации кои што ќе му помогнат во наредниот период да го подготви Планот за управување со заштитеното подрачје „Јасен“.

 

Голема благодарност до сите државни институции и невладини организации, кои што учествуваа на двете работилници и кои што со своите коментари и предлози овозможија да се добие една навистина квалитетна студија.

 

100_8007 100_8015 100_8009 100_8006 100_8017 100_8014

 

 

 

 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани