Почетна
За нас
Членови
Пештери
Туризам
Линкови
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

назад

     Извештај за теренски активности Септември 2010

ПРОЕКТ "ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ПОВEЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ ЈАСЕН"

29.08.2010 година (недела)

Од страна на претседателот на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје, Али Самет, до претставникот на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, Гордана Јанакиевска, беше побарана дозвола (усна) за теренски истражувања на Јасен, но поради активности поврзани со лов не беше дадена дозвола за истражување.

04.09.2010 година (сабота)

Од страна на тим-лидерот на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје, Билјана Гичевски, до претставникот на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, Гордана Јанакиевска, беше доставен список со истражувачи и побарана дозвола за теренски истражувања на Боро Поле и долина на река Оча. Но, поради лов во овие подрачја не беше добиена дозвола за истражување. Од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје беа предложени месностите Урнат камен и Рудине за истражување. Тимот на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје ја определи месноста Урнат камен. Екипата се упати кон наведениот простор, но поради временски непогоди (дожд) и лизгање на теренското возило по макадамскиот пат активноста беше прекината.

Листа на учесници:

  • 1. Методија Велевски

  • 2. Богољуб Стеријовски

  • 3. Александар Стојанов

  • 4. Стојан Мишев

  • 5. Диме Караташов

  • 6. Бојан Петковски

  • 7. Оливер Гичевски

  • 8. Билјана Гичевски

  • 9. Трајче Митев

  • 10. Славчко Христовски

  • 11. Драган Колчаковски

  • 12.  Али Самет

  • 13. Златко Ангелески

  • 14. Златко Левков

  • 05.09.2010 година (недела)

    Од страна на тим-лидерот на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје, Билјана Гичевски, до претставникот на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, Гордана Јанакиевска, беше доставен список со истражувачи и побарана дозвола за теренски истражувања на Боро Поле и долина на река Оча. Но, поради лов во овие подрачја беше добиена дозвола за истражување на месноста Урнат камен. Истражувачкиот тим своите активноси (поставување клопки, фотографирање, анализирање, барање живеалишта на змии и сл.) ги спроведе во следниот простор: Урнат камен, Воѓанска Бука, Копање.

    Листа на учесници:

  • 1. Методија Велевски

  • 2. Богољуб Стеријовски

  • 3. Стојан Мишев

  • 4. Диме Караташов

  • 5. Трајче Митев

  • 6. Славчко Христовски

  • 7. Васил Анастасовски

  • 8. Златко Левков

  • 9. Митко Ѓурчиновски

  • 08.09.2010 година (среда)

    Од страна на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје до ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, по електронски пат, беше доставено барање за добивање дозвола за теренски истражувања на долината на река Оча и полигенетската површ Боро Поле, за периодот 8-9.9.2010 год. Од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје беше дадена дозвола. Во раните утрински часови истражувачката екипа пристигна на Кула, со три теренски возила. Од овде екипата заедно со водич од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје се упати по долината на река Оча. Беа одбрани неколку попатни локации за истражување. На овие точки сите експерти вршеа истражувања од својата област (поставување клопки, скицирање на поткапини, заведување на растенија, земање на примероци од алги и растенија, одредување станишта на влекачи, евидентирање на птици, анализи на шумски предел и сл.). По пристигнувањето во Селиште групата се подели на две помали групи. Едната се упати во околината на Селиште за да истражи поткапини и влекачи, а другата се упати кон Боро Поле за да изврши биолошки и површински геоморфолошки истражувања. По завршување на предвидените теренски истражувања еден дел од групата го напушти повеќенаменското подрачје "Јасен" преку Кула, а дел од истражувачите останаа на Боро Поле за да преноќат.

    Листа на учесници:

  • 1. Владо Матевски

  • 2. Славчо Христовски

  • 3. Трајче Митев

  • 4. Златко Левкове

  • 5. Богољуб Стеријовски

  • 6. Драган Колчаковски

  • 7. Билјана Гичевски

  • 8. Методија Велевски

  • 9. Али Самет

  • 10. Стојан Мишев

  • 11. Бојан Петковски

  • 12. Оливер Гичевски

  • 13. Диме Караташов

  • 14. Славица Герасимова

  • 15. Митко Ѓурчиновски

  • 09.09.2010 година (четврток)

    Од страна на Истражувачкото друштво "Урсус спелеос"-Скопје до ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, по електронски пат, беше доставено барање за добивање дозвола за теренски истражувања на долината на река Оча и полигенетската површ Боро Поле, за периодот 8-9.9.2010 год. Од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје беше дадена дозвола. За престојот на Боро Поле  ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје  исто така определи и водич кој беше постојано со групата. Теренските истражувања започнаа уште во вечерните часови  на 8.9.2010 год., а продолжија и во утринските часови на 9.9.2010 год. за да се испитаат ноќните видови на птици и животните средини на влекачите кои егзистираат на Боро Поле. Во раните утрински часови на 9.9.2010 год. започнаа и другите видови истражувања на Боро Поле, како: евидентирање на вртачи, скицирање на една поткапина, скицирање на една пропаст, поставување на клопки, фотографирање, земање координати, анализа на карпестиот отсек и сл. Во 9.00 часот екипата заедно се упати кон Миленков Камен. Тука спелеолозите вршеа испитување на пропастите (фотографирање, скицирање, ГИС координати на влезовите), а експертите од биолошкиот тим во пошироката околина на Миленков Камен вршеа анализа за безрбетници, херпетологија и орнитологија. По завршувањето на предвидените теренски активности екипата пешки слезе до Боро Поле, од каде со теренското возило се вратија во Кула и ја напуштија територијата на повеќенаменското подрачје "Јасен".    

    Листа на учесници:

  • 1. Методија Велевски

  • 2. Трајче Митев

  • 3. Богољуб Стеријовски

  • 4. Драган Колчаковски

  • 5. Стојан Мишев

  • 6. Бојан Петковски

  • 7. Оливер Гичевски

  • 8. Диме Караташов

  • 11.09.2010 година (сабота)

    За овој ден ИД "Урсус спелеос"-Скопје од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје побара дозвола за теренско истражување на делот околу Патишка Река. Дозвола беше добиено. Сепак поради неповолите временски услови (дожд) кој владееја во текот на целиот ден теренските истражувања беа одложени, за што беа известени и вработените на Кула.

    12.09.2010 година (недела)

    По претходно добиената дозвола од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје, тимот од ИД "Урсус спелеос"-Скопје своите теренски активности ги изведе во делот на Ивање, како што беше и планирано. Еден тим се упати на Ивање, а конкретниот простор за анализа беше Турчин Дол. Од страна на ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје беа определени 2 водичи. По претходно добиени сознанија дека во овој простор се евидентирани неколку пештерски влезови, спелеолозите се упатија кон нивно истражување. Беа истражени помали пештери, именувани како: Ајдучка дупка И, Ајдучка дупка ИИ, и неколку помали поткапини во близина на овие пештери. Останатите анализи на овој простор се однесуваа за габи, пајаци, без'рбетници.

    Втор тим од  ИД "Урсус спелеос"-Скопје своите теренски активности ги изведе на делот на Патишка Река, односно просторот кој требаше да биде предмет на анализа претходниот ден. На овој простор беа извршени теренски истражувања за птици и без'рбетници.

     Листа на учесници:

    Прв тим (Ивање) 

  • 1. Драган Колчаковски

  • 2. Билјана Гичевски

  • 3. Марјан Комненов

  • 4. Митко Караделев

  • 5. Али Самет

  • 6. Диме Караташов

  • 7. Митко Ѓурчиновски

  • 8. Стојан Мишев

  • 9. Славица Герасимова

  • 10. Оливер Гичевски

  • 11. Трајче Митев

  •  Втор тим (Патишка Река) 

  • 12. Славчо Христовски

  • 13. Методија Велевски

  • 25.09.2010 година (сабота) 

    За овој ден беше предвидено теренски истражувања за областа габи. ИД "Урсус спелеос"-Скопје од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје побара дозвола за теренско истражување во долината на река Оча. Дозвола беше добиено. Сепак поради неповолите временски услови (дожд) кој владееја во текот на целиот ден теренските истражувања беа одложени, за што беа известени и вработените на Кула. 

    26.09.2010 година (недела) 

    За овој ден ИД "Урсус спелеос"-Скопје од ЈПУЗПП "Јасен"-Скопје побара дозвола за теренско истражување во долината на река Оча, за експертската област-габи. Дозвола беше добиена. Сепак поради неповолите временски услови кој владееја  во текот на денот (дожд, ветер), експетскиот тим за габи ги одложи теренските истражувања, за што беа известени и вработените на Кула.

    Дел од членовите на ИД "Урсус спелеос"-Скопје беа посетители на првиот ден од вежбовните активности на "Спелеоспасување" кое се одржува на територијата на Јасен. Притоа давајќи помош на словенечките и хрватските инструктори за лоцирање на спелеолошки објекти (за подоцнежните тренинзи за курсистите), извршија спелеолошки истражувања на пропастите Пеони И и Пеони ИВ. За споменатите пропасти беа извршени следните активности: земање географски координати, скицирање, геомофолошки опис, земање на примероци за пештерска фауна, фотографирање.

     Листа на учесници:

  • 1. Билјана Гичевски

  • 2. Оливер Гичевски

  • 3. Али Самет

  • 4. Диме Караташов

  • 5. Бојан Петковски

  • 6. Митко Ѓурчиновски

  •  

    Галерија
     
    DSC_0019 (800x536) DSC_0020 (800x536) DSC_0021 (800x536) DSC_0024 (800x536) DSC_0033 (800x536) DSC_0039 (800x536) DSC_0042 (800x536) DSC_0047 (800x536) DSC_0048 (800x536) DSC_0049 (800x536) DSC_0053 (800x536) DSC_0067 (800x536) DSC_0084 (800x536) DSC_0098 (800x536) DSC_0099 (536x800) DSC_0103 (536x800) DSC_0106 (800x536) DSC_0114 (800x536) DSC_0120 (800x536) DSC_0121 (800x536) DSC_0140 (800x536) DSC_0146 (800x536) DSC_0147 (800x536) DSC_0151 (800x536) DSC_0156 (800x536) DSC_0157 (800x536) DSC_0159 (800x536) DSC_0171 (800x536) DSC_0173 (800x536) DSC_0185 (800x536) DSC_0188 (800x536) DSC00687 (800x450) DSC00688 (450x800) DSC00692 (450x800) DSC_0194 (800x536) DSC00698 (800x450) DSC00701 (450x800) DSC00704 (800x450) DSC00705 (800x450) DSC_0199 (800x536) DSC_0200 (800x536) DSC_0203 (800x536) DSC_0206 (800x536) DSC_0207 (800x536) DSC_0210 (536x800) DSC_0212 (536x800) DSC_0215 (800x536) DSC_0217 (800x536) DSC_0223 (800x536) DSC_0226 (800x536) DSC_0236 (800x536) DSC_0241 (800x536) DSC_0244 (800x536) DSC_0247 (800x536) DSC_0291 (800x536) DSC_0302 (800x536) DSC_0305 (800x536) DSC_0318 (800x536) DSC_0319 (800x536) DSC_0321 (800x536) DSC_0337 (800x536) DSC_0339 (800x536) DSC_0340 (800x536) DSC_0346 (800x536)
     
     
     
     
    Ursus Speleos 2010 Сите права задржани