Почетна
За нас
Членови
Проекти
Туризам
Линкови
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

назад

     Пештера СЛАТИНСКИ ИЗВОР

 

Низ тесна дупка со длабочина од 1,5 метри, по која мора да се ползи во вода, се влегува во засега најголемата македонска пештера Слатински Извор која се наоѓа во атарот на село Слатина, оддалечено петнаесетина километри од Македонски Брод. Влезот во пештерата, за која досега се знае дека е долга повеќе од 4.000 метри, е лоциран од левата страна на сливот на Слатинска Река во Треска, на надморска височина од 495 метри.


Влегувањето во пештерата е многу тешко и ризично. Тоа е изводливо само во летниот период, кога активноста на подземните водотеци е сведена на минимум. Но дури и тогаш може да се случи влезот да е полн со вода, па мора да се ползи едно триста метри по водно корито. Внатре е мошне студено и има големи струења на воздухот, така што цело време низ пештерата се движите мокри. Пештерата била создадена пред повеќе од милијарда години, со таложење на карбонитна маса во карстниот поречки предел, кој изобилува со доламитски мермер. Во нејзиното формирање голема улога одиграле механичката речна ерозија, како и силните тектонски движења. Слатински Извор, всушност е долг подземен канал кој на бранови се дели на помали каналчиња и на одредени места се проширува, при што се создаваат прекрасни сали. По одредена должина, пештерата повторно се стеснува и така се до нејзиниот крај кој се уште не е прецизно утврден.


Влезот на
 пештерата се дели на два крака, при што левиот крак е одводен канал на Слатинска Река, која понира во подолните слоеви на почвата. Откако ќе се поминат 260 метри од влезот во пештерата, таа полека се шири и се доаѓа до поголема сала, која има должина од 10 метри, широчина од 2 метра и височина меѓу 40 и 60 сантиметри. Се до оваа сала каналот има североисточен правец на движење, а потоа лактесто завртува кон југоисток. Уште шеесетина метри понатаму каналот повторно се проширува и се покажува прекрасана сала, долга 55 метри, широка 25 метри и висока 15 метри, исполнета е со најразлични варовнички украси и форми. Целата сала е исполнета со сталактити, сталагмити и ситни бели украси кои висат од таванот, макарончиња. На некои делови калциумкарбонатот кристализирал во форма на печурка или на корал, а, пак, на други делови формира вистински лепези. Кај некои се познаваат кристалните форми, други се целосно бели, а трети, пак, имаат чоколадна боја, во зависност од составот на материјалот кој се таложел.

 


Пештерата е преполна со мали езерца, со кристално чиста вода чија температура се движи меќу 4 и 5 степени. На 700 метри од влезот може да се забележат песочни наноси и шкрилци, донесени со понирање на Крапска или Слатинска Река, чие подрачје е богато со кварц. На 850 метри од влезот пештерата се стеснува во речиси непрооден канал каде што спелеолозите пред триесетина години откриле еден мал отвор низ кој не можел да помине возрасен човек. Целата пештера е сплет од канали и сали каде што порано течеле подземните води, кои со текот на времето се спуштиле на пониско ниво и каналите останале суви. Потоа настапила втора фаза, односно фаза на таложење на калциумкарбонат.
  Постојат претпоставки дека каналот се движи паралелно на Крапска Река која понира и дека нејзината подземна должина изнесува околу 6 километри. По еден многу тесен канал се стасува до една нова галерија, каде што има огромно зелено пештерско езеро, длабоко околу пет метри. До крајот на таа галерија има три
километри. Но, на крајот од галеријата постојат уште канали, кои сигурно водат до нови изненадувања.

 

Оваа пештера е прогласена за национално природно наследство, односно законски е заштитена како споменик на природата. Според последната одлука на Владата на Република Македонија, Слатински Извор, заедно со локалитетот Маркови Кули во Прилепско, нашите власти ќе се обидат да ја стават на прелиминарната листа на заштита на УНЕСКО.

 

 
 
 
Ursus Speleos 2010 Сите права задржани