Пред  да се влезе во една пештера

Кога можеби ќе бидете доведени во искушение да занемарите опрема, подготовка или обука, запрашајте се колку вреди вашиот живот. Ако не можете да си дозволите соодветна опрема, тогаш не можете да си дозволите да одите во пештера.

Основни правила


Како да се однесуваш во пештерата

Тимска работа

Спелеологијата е тимска активност, а не конкуренција. Спелеолозите треба да размислуваат и дејствуваат како единица во подземјето, за да се обезбеди безбедно патување. Дејствијата или ставот на еден член можат да ја загрозат безбедноста на целиот тим, што резултира со повреди или смрт. Се движиме со брзина на движење на најбавниот член на тимот. Се прават перидични паузи за одмор, пиење вода, а и за закуска. Останете во гласовен контакт со останатите членови на тимот. По совладување на некоја пречка, останете таму се додека следниот член на тимот не пристигне и понудете му помош. Не се колебајте да понудите, побарате или да прифатите помош. Тимови поголеми од шест члена имаат тенденција да бидат бавни и тешко да се управува со нив, па затоа се делат во посебни тимови. Во случај на несреќа, во тим од четворица, едно лице може да остане со повредениот, а другите двајца може да побараат помош. На тој начин никој не е спелеолошки сам.

Распакувај, спакувај!

Не оставај ѓубре, храна, батерии или било кој друг отпад во пештерата.
Повеќето спелеолошки патувања се доволно кратки, со што може да се избегне потребата од одење во тоалет. Сепак, доколку имате потреба, направете го тоа во соодветен сад, и отстранете го од пештерата. И што е уште поважно, вашиот отпад може да влијае на деликатните екосистеми кои што опстојуваат во пештерата.

Оган и чад

Оганот и чадот (вклучувајќи го и оној од согорување на цигари) го загадуваат воздухот во пештерите, а со тоа ги иритираат организмите кои живеат таму,а другите луѓе кои ги посетуваат. Затоа, не пушете или палете оган во или во близина на пештери.

Подземни патеки

Кога постојат веќе направени патеки, останете на нив за да се зачуваат другите делови на пештерата беспрекорни. Ако посетувате нови или помалку посетени делови, задржете го вашиот тим на еден пат за да се минимизира влијанието врз пештера, а и за воспоставување на патека за идните посетители. 

Будност

Кога сте во пештера бидете со будна глава. Лековите, вклучувајќи го и алкохолот, можат да влијаат на вашето внимание, одлука или способност да размислувате јасно, а со тоа ве прават опасни и закана за безбедноста на вашиот тим.

Физичка подготвеност

Спелеологијата може да биде физички напорна. Кога сте во лоша физичка или здравствена состојба, се заморувате побрзо, го забавувате тимот и се изложувате на опасности. Заморот или слабоста ве прават склони кон несреќи.Треба да ги знаете вашите граници, и не се обидувајте да патувате надвор од вашата способност. Нов спелеолог треба да започне со кратки патувања. Ако имате сомнежи за потребите на патувањето, консултирајте се со некој искусен спелеолог кој ја знае пештерата. Кажете им на членовите на вашиот тим, кога ќе почувствувате дека е време да се вратите назад. Како и во секоја друга физичка активност, пушењето ја намалува вашата издржливост и ефикасноста на вашите бели дробови.

Јажиња

Може да се најде корисно за некои искачувања под земја, но слободното качување по јаже без користење на опрема е лесен начин да се умре. Исто така, се користат само јажиња кои се специјално направени за качување по карпи или за спелеологија. Вертикалната спелеологија, користејќи јажиња за спуштање и искачување на пропасти, вклучува посебни вештини и опрема, кои се разликуваат од оние што се користат од страна на останатите планинарски спортови. Побарајте спелеолошка обука од надлежен инструктор пред  да започнете да работите на јаже во една пештера. Избегнувајте користење на постојните јажиња и скали што ќе ги најдете во пештерата.

ОПИС НА ОПАСНОСТИТЕ

Свеста за можни опасности ви помага да ги избегнете!

Камен!

Во спелеолошки објекти внимавајте на објекти кои паѓаат. Стоењето под некој кој се качува ве става во опасна зона. Не се движете се додека оние кои што можат да настрадаат не бидат на сигурно место. Ако при движењето бутнете карпа , камен или дел од опремата, предупредете ги оние подолу од вас со викање "камен!", гласно и јасно. Кога ќе слушнете дека некој вика "камен!" побарајте засолниште, и не гледајте нагоре!

Заробени/заглавени

Избегнувајте да се принудувате да влагате во мали или тесни места каде што излегувањето може да биде многу тешко, или каде што членовите на вашиот тим не ќе бидат во можност да дојдат до вас за да ви помогнат. Ако влегувате во некој тесен дел, влезете со нозете прво, поготово ако делот се спушта надолу, бидејќи така ќе ви биде полесно да се вратите назад ако делот е премногу тесен или ако не сакате да продолжите. Знајте ги вашите физички и ментални граници, и вратете се назад пред  да дојдете до нив.

Изгубени

Како што се движите низ пештерата, испитајте го преминот  зад вас, и запамтете ги скршнувањата и искачувањата. Искусните спелеолози знаат дека пештерата е всушност две пештери, една во која влегувате и една од која излегувате. На места каде што патот се дели во повеќе насоки, обележете го патот за назад со поставување на некој камен. Ако се изгубите, систематски и темелно проверете ги сите премини, елиминирајте ги погрешните насоки со нивно обележување. Ако се изгубите и вашето осветлување е слабо, најдете суво место и чекајте помош. Избегнувајте вода и провев, и облечете ги вашите најсуви алишта, бидејќи помошта можеби нема да пристигне со часови. Можете да се затоплите ако имате пластична кеса за ѓубре која ќе ја поставите во вашиот шлем. Изгаснете го осветлувањето за да го заштедите. Викнете кога ќе слушнете некого.

Пад

Падови се чест тип на спелеолошки несреќи. Забавете, обрнете внимание каде газите и што допирате. Избегнувајте трчање, скокање и други ненадејни движења. Повредите што на површината би биле едноставни за лекување, можат да бидат опасни по живот во пештерата и да бараат голема спасителна акција за извлекување на повредениот. Имајте на ум дека во спасителната акција можат да се загрозат и други луѓе, како и самата пештера. Кога се искачувате проверете ги местата каде што газите и каде што се држите. Носете чизми кои не се лизгаат на карпи и кал. Не носете спортски чевли во пештерата.

Поплави

Некои пештери се поплавуваат, или наеднаш или полека, и можат да го затворат влезот, а во некои случаи и да дојде до давење на спелеологот. Ако се двоумите, посетете друга пештера.

Недостаток на осветлување

Заедничкото движење како тим, и ако секој член носи по три извори на светлина, екстра светилки и батерии,веројатноста да се најдете без осветлување е многу мала. Сепак, ако се најдете во состојба да останете без осветлување, избегнувајте да се движите во пештерата во темнина, поради можноста од пад, кој може да доведе до повреди или смрт.

Хипотермија

Пештерите се најчесто влажни, а понекогаш и со провев, кои се идеални услови за појава на хипотермија, која може да биде смртоносна. Облечете се топло, движете се,ако стоите избегнувајте места со провев и избегнувајте да се наводените.

Да запомнeме:

За пештерата


За себе


Спелеолошко мото

Не зимај ништо, освен слики.
Не оставај ништо, освен внимателно поставени стапалки.
Не убивај ништо, освен време.