За нас
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Линкови 
 

 

 

 

назад

     Информација за прогласување на Слатински Извор за Споменик на природа

 

Истражувачкото друштво "Урсус спелеос" од Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање во 2009 година започнаа иницијатива за прогласување на пештерата Слатински извор за Споменик на природа. За таа цел од страна на Истражувачкото друштво Урсус спелеос и по барање на Министерство за животна средина и просторно планирање-сектор природа, изработен е елаборат за валоризација на природни вредности за Слатинската област со потенцирани локации за кои е потребна итна заштита.

По доставување на елаборатот и барање за прогласување на пештерата Слатински Извор до Министерството за животна средина и просторно планирање, изработен е предлог Закон за Слатински Извор со предлог управител на заштитеното подрачје од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и е проследен до Владини комисии кои се одговорни за оваа проблематика.

Добиени се позитивни одговори од страна на Владините комисии и Министерства, освен од Министерството за земјоделие со образложение дека треба да се намалат границите на заштитеното подрачје  до ИД Урсус спелеос.

Од страна на Истражувачкото друштво Урсус Спелеос е изработено мислење, во кое се образложени сите факти и потреби за доставените граници на заштитеното подрачје. На оваа мислење добивме позитивен одговор од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, со мали измени во границите на предлог заштитеното подрачје.

Во Предлог законот за прогласување на Слатински Извор за споменик за природа воспоставени се две зони за заштита и тоа:

зона за строга заштита, пештерата "Слатински Извор" која е најдолга (4000 м. досега истражени канали) во Република Македонија и е изградена во најстари карпи од геолошката еволуција на планетата земја, и е привремена листа за заштита под УНЕСКО.

зона на заштитен појас на пештерата "Слатински Извор", која го опфаќа поширокото подрачје над пештерските канали и се простира во карстно подрачје, се овозможува заштита од секаков вид на деградирање на пештерските канали и заштита од хемиско и биолошко загадување на подземните води кои ја хранат пештерата "Слатински Извор", со утврдени граници на ИСТОК-лева страна на Река Треска, СЕВЕР-срт на површ Баба, ЗАПАД-дол од месност Трноец кон с.Слатина-маало Вејлановци, по изохипса 600 м.н.в., мост на река Марковска, ЈУГ-макадамски пат од маало Марковци до Долно маало–с.Слатина, по изохипса 550 м.н.в., до лева страна на Река Треска.

Територијата која ја опфаќа зоната на заштитен појас е со релативно поголема површина како резултат на условите кои се карактеристични за карстните подрачја. Имено оваа зона ги опфаќа активните понори на реките Марковска и Крушевска Река бидејќи со долгогодишните истражувања спроведени од страна на Истражувачкото друштво "Урсус Спелеос" од Скопје е потврдена корелативна врска меѓу површинските води на овие реки и подземните води на "Слатински Извор". Другата причина за големината на оваа зона се карбонатните карпи кои го градат просторот од двете страни на Слатинска Река и истите се карактеризираат со голема испуканост која овозможува понирање на врнежите од површината на теренот во внатрешноста на пештерата. Само со вака воспоставени граници е овозможена комплетна заштита на третираниот спелеолошки објект.

На 01.02.2011 год. во Собранието на Република Македонија, предлог Законот за прогласување на Слатински Извор за Споменик на природата, беше изгласан прво читање и предаден на натамошно второ читање.

Превземете го стенограмот од собраниската седница ТУКА.

Изготвил: М-р Билјана Гичевски – ИД Урсус спелеос-Скопје

 

 

 

 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани