За нас
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Линкови 
 

 

 

 

назад

     Меморандум за соработка

 

Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ Скопје и Факултетот за Туризам и Угостителсво – Охрид, потпишаа меморандум за соработка на ден 05.11.2010, чија цел е  превземање на  заеднички активности за развојот на спелеотуризмот и алтернативниот туризам. Ова е уште еден показател за сериозноста и професионалноста на нашето друштво. За во иднина е предвидено, изготвување на заеднички проекти од гореспоменатите области, и аплицирање пред разни национални и меѓународни фондови.

Една од главните цели на оваа соработка е развој на спелеотуризмот, односно туристичко уредување на пештери и јами, по светски стандарди за масовен но и за екстремен туризам.Исто така и  формирање на група од специјализирани спелеоводичи, што претставува европски и светски тренд, кој што единствено би се занимавале со водење на туристички групи во спелеолошки објекти.

Втората главна цел е развој на алтернативниот туризам, односно развој на руралните средини, зајакнување на нивните капацитети, и на долг рок нивна самоодржливост.

 

 

 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани