10ти јубилеен Балкански спелеолошки камп "Враца 2016" во Враца, Бугарија. Собир на повеќе од 160 спелеолози од различни земји како Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Турција, Србија, Украина, Молдавија, САД, Полска, Порто Рико и др. Истражувачкото друштво "Урсус Спелеос" учествуваше со тројца претставници Александар Стојаноски, Билјана Гичевскиi и Оливер Гичевски. На програмата беа посети на неколку пештери во паркот, една туристички уредена и презентации од страна на гостите, на кои нашето друштво се претстави со активностите од циклусот "Во светот на пештерите". Воедно, Генералното Собрание на Balkan Speleological Union ја прифати нашата кандидатура за членки на федерацијата и нашата кандидатура за член во управниот одбор на федерацијата, каде што не претставува Александар Стојаноски.