Тимот на Истражувачкото Друштво Урсус Спелеос учествуваше на Спелеолошкиот собир во Мариово организиран од СК Златоврв од Прилеп на кој учествуваа повеќето спелеолошки клубови во Македонија како Пеони, Орле и Врело. На собирот се дискутираше за активностите на клубовите, за идеите и можностите во иднина а воедно се посети и пештерата Мелничка 1. Нашиот член Билјана Гичевски имаше презентација насловена "Значењето на природните и вештачките трасери за функционирањето на карстните извори - Пример на изворот Слатински Извор"