Во период од 28.07 до 30.07.2017 успешно се спроведе спелеолошка експедиција "Ветрена дупка 2017" во организација на Българско Пещерно Дружество, во соработка со Истражувачкото друштво "Урсус Спелеос" - Скопје а поддржана од Планинарското друштво "Цариброд" и Спортскиот сојуз Цариброд. Експедицијата беше наменета за истражување и мапирање на пештерата Ветрена дупка и на неа учествуваа 12 спелеолози ( 11 од Бугарија и 1 од Македонија. нашиот член Александар Стојаноски ). Базата на експедицијата се наоѓаше во планинарскиот дом во село Поганово, Р. Србија, во близина на Специјалниот природен резерват "Јерма". Експедицијата беше поделена на 4 тима ( 3 тима за мапирање и 1 тим за истражување на нови канали ). Нашиот член беше дел од 3те тима за мапирање на пештерата кои како резултат на неколкучасовна работа, мапираа 734 метри од пештерата. Во пештерата можат да се сретнат најразлични пештерски украси, сталактити, сталагмити, драперии, басени, хелектити, пештерски столбови, бисери итн. Истражувачкиот тим кој истражуваше нови делови од пештерата, увиде дека сифонот на крајот на пештерата, преку која таа се поврзува со пропаста "Пештерица" (-116.60 метри), кој бил забележан при претходна експедиција, делумно се отворил/нивото на вода се намалило. Потврда на тоа беше силниот провев во целата пештера. Поради недостиг на доволно опрема, истражувачкиот тим не успеа да го помине езерцето. Неколкуте искачувања во височина, исто така, не дадоа позитивен резултат, но на крај главната цел беше исполнета. Во оваа фаза, според мапирањето, вкупната ( мапирана) должина на пештерата Ветрена дупка е 1 354 метри со можност за комплетирање на мапата и мапирање на останатите недовршени и недоистражени делови од пештерата во понатамошни експедиции. Учесници на спелео експедицијата:

1. Алексей Жалов - ПК“Хеликтит“ – БПД

2. Aleksandar Stojanoski - Истражувачко друштво "Урсус Спелеос" - Скопје

3. Б.Бориславов – ПK“Пълдин“- Пловдив

 4. Vanyo Gyorev – ПК“Кейвинг“ – БПД

5. Георги Димитров Райчев-Змеятчев – ПК“Студенец“- Чепеларе, БПД

6. Евгения Късовска – БПД

7. Ivaylo Chichev – Перник – БПД

8. Йонко Ангелов – БПД

9. Kamen Bonev – БПД

10. М.Минков – ПК“Витен“ – Севлиево

11. Сашо Попов – ПК“Приста“-Русе – БПД

12. Cvetelina Valerianova – ПК“Хеликтит“ – София, БПД

Фотографија: Алексеј Жалов / Цветелина Валерианова / Александар Стојаноски