Во периодот од 16ти до 24ти септември 2017 година во Тренинг центар "Сежана" во Словенија, во организација на DPPI, Министерство за одбрана на Словенија - Сектор за цивилна заштита и Службата за спасување во пештери се спроведе тренинг за спасување во пештери. На тренингот како претставник на Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" и Дирекција за заштита и спасување - Влада на Република Македонија учествуваше нашиот член Александар Стојаноски. На тренингот се разработуваа техники за спасување, организирање на спасителна акција, прва помош а воедно беа изведени и симулациски вежби за проверка на стекнатото знаење. Сите учесници успешно го завршија тренингот и се стекнаа со сертификати за завршен тренинг за спасување во пештери.