Во период од 02 – 03.12.2017 година во Хотел Скардус, Попова Шапка, 2 претставника ( Александар Стојаноски, Панче Игнов ) на Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје учествуваа на Обука за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици, Модул 1, кој е дел од проектот "Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици" – ГИЗ развојно партнерство со Explore Worldwide. Во рамките на првиот модул, преку интерактивни вежби, предавања, споделување на искуства и теренска работа се разработуваа широк опсег на теми како што се:

·         Вовед во safety и risk management

·         Улогата и местото на водичот во подготовка и реализација на производ во авантуристичкиот туризам

·         Идентификација, превенција и процена на ризици

·         Примери од пракса

·         Анализа на неколку различни сценарија во авантуристичкиот туризам со изработка на план за превенирање на ризиците (работа во групи)

·         Презентирање на изработените планови за превенција на ризиците во авантуристички туризам

·         Принципи за правилно менаџирање со несреќите во авантуристичкиот туризам

·         Хиерархија на процедури и постапки во случај на несреќа

·         Презентирање на прирачник за процедури за делување во случај на несреќа

·         Местото и улогата на клиентите при менаџирање со ризиците и несреќите

·         Сценарио на несреќа за време на тура во авантуристички туризам при повреда на водичот

·         Изработка на безбедносен план (standard operating procedure)

·         Практична изработка на безбедносен план во неколку различни авантуристички активности (работа во групи)

·         Презентирање на безбедносните планови

По завршувањето на обуката и евалуацискиот процес, учесниците се стекнаа со сертификати за завршен прв модул на обуки за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици.