Учество на Обука за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици, Модул 3

Во период од 13 – 15.04.2018 година во Тренинг центар Велестово, Охрид, 3 претставника ( Александар Стојаноски, Панче Игнов, Даниел Лазаревски ) на Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје учествуваа на Обука за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици, Модул 3, која е дел од проектот "Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици" – ГИЗ развојно партнерство со Explore Worldwide. Во рамките на третиот модул, преку интерактивни вежби, предавања, споделување на искуства и теренска работа се разработуваа широк опсег на теми како што се:

·         Менаџирање на група во вондредни ситуации,

·         Постапки и процедури до кои треба да се придржува водичот при организирање спасувачка акција,

·         Опремата која најчесто се користи во активностите на отворено,

·         Стандарди за планирање тура во авантуристичкиот туризам,

·         Примери на планирање тури во неколку различни активности на отворено,

·         Давање прва помош во теренски услови,

·         Менаџирање со група при повреда на неколку учесници во групата (самоспасување, другарска помош на терен),

·         Згрижување и транспорт на повреден со импровизирани средства

·         Различни сценарија на повреди и вондредни ситуации

По завршувањето на обуката и евалуацискиот процес, учесниците се стекнаа со сертификати за завршен трет модул на обуки за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици.