Во период од 27 – 28.01.2018 година во Хотел Амбасадор, Скопје, 1 претставник ( Александар Стојаноски ) на Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје учествуваше на Обука за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици, Модул 2, која е дел од проектот "Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици" – ГИЗ развојно партнерство со Explore Worldwide. Во рамките на вториот модул, преку интерактивни вежби, предавања, споделување на искуства и теренска работа се разработуваа широк опсег на теми како што се:

·         Работа со компас и топографски карти

·         ГПС технологија и безбедно креирање на тура во авантуристичкиот туризамАнализа на мапи, знаци и појави, 

·         Изработка на риск менаџмент план и дистрибуција на обврски помеѓу водичот и туроператорот

·         Метеорологија и безбедно планирање на тури во авантуристичкиот туризам

·         Анализа на метеоролошки знаци и појави

·         Анализа на метеоролошки мапи

·         Предвидување на временските прилики во контекст на безбедно планирање и реализирање на тура во авантуристичкиот туризам.

·         Лист за проверка (check list) за безбедно планирање на тура.

·         Изработка на на надграден план за безбедност и менаџирање со ризиците за различни видови авантуристички активности.

По завршувањето на обуката и евалуацискиот процес, учесниците се стекнаа со сертификати за завршен втор модул на обуки за водичи во авантуристички туризам од областа на безбедност и управување со ризици.