Преку работилницата со засегнати страни од општина Македонски Брод и локално население од село Слатина се промовираа проектните активности. Локалните чинители на заедницата се запознаа со пештерскиот биодиверзитет во СП „Слатински Извор“, промовирани се лилјакот мал потковичар (Rhinolophus hipposiderоs) и пештерското ракче (Alpioniscus slatinensis) а воедно зајакнати се и капацитетите на локалната заедница за заштита на пештерската фауна. На работилницата локалните власти се стекнаа со нови практики за управување со заштитеното подрачје, а воедно имаше и размена на искуства за одржливо користење на биодиверзитетот во анализираното подрачје. Работилницата ја водеше асистентот на проектот, а учество земаа експертите за лилјаци и пештерско ракче, претставници од општина Македонски Брод, претставници од локалните подрачни министерства, членови од Совет на општина и членови на ЕД „Треска“ - Македонски Брод, локално население, преставници на невладини организации и преставик на ГЕФ ПМГ. На работилницата беше презентиран и проектот „ Обезбедување одржлива заштита на природата на Споменикот на природата пештерата Слатински извор“ поддржан од УНДП, за продолжување на заштитата и добрите практики во управувањето со Споменик на природа „Слатински Извор“.

*Активностите се дел од проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

cave #cavefauna #macedonia #cavebats #proektGEFPMG