Еден од начините за подигнато ниво на еколошката свест на населението од поблиската и пошироката околина, како и промовирана пештерска фауна во СП „Слатински Извор“ е изработка на информативна табла со научно-популарен текст. На таблата има фотографии и текст со информативен карактер за пештерската фауна, вклучително и пештерско ракче и мал потковичар, кои живеат во пештерите во СП „Слатински Извор“. Податоците за пештерската фауна и фотографиите беа изработени од страна на двајцата експерти за пештерска фауна, додека современиот картографски графички приказ на локалитетот со компјутерска обработка на материјалот за информативната табла го изработи член на ИД „Урсус спелеос“ - Скопје. За конструкцијата на информативната табла употребен е локален еколошки материјал. При поставувањето на таблата беше ангажирано локалното население од село Слатина и волонтери од ИД „Урсус спелеос“ – Скопје и ЕД „Треска“ – Македонски Брод. Определена е 1 маркантна локација за поставување на таблата и истата е поставена на регионалниот пат Македонски Брод – Слатина.

*Активностите се дел од проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

cave #cavefauna #macedonia #cavebats #proektGEFPMG