Оваа проектна активност се спроведе со организирање на посета на четири пештери (Слатински Извор, Пурало, Овчарска Пештера, Слатинска II) во СП „Слатински Извор“ со соработка со ангажирани експерти за пештерска фауна. Целта на теренските посети беше фотографирање на пештерската фауна (пештерско ракче и мал потковичар). За време на сите теренски активности , ангажираните експерти за пештерска фауна беа придружувани од спелеолози од ИД „Урсус спелеос“ - Скопје кои им овозможија безбедни услови за работа (ова посебно се однесува на пештерите Пурало и Овчарска Пештера кои имаат вертикални канали со длабочина од 15 м и за пештерата Слатински Извор која има тесни канали низ кои тече подземна река). При посетата на пештерите се искористи спелеолошка опрема (шлемови, јажиња-динамични и статични, карабинери, десендери, спонки, градни, гуртни, чизми и водонепропусни комбинезони) од ИД „Урсус спелеос“-Скопје. Ваквата активност овозможи добивање на работен материјал кој се искористи при изработката на информативна табла, web страната и промотивниот филм.

*Активностите се дел од проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

cave #cavefauna #macedonia #cavebats #proektGEFPMG