Во рамките на проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“ во периодот октомври 2017 – јуни 2018 годинам, се подготви промотивен филм за Споменик на природа „Слатински Извор“ и пештерската фауна во него. Членот на ИД „Урсус спелеос“ (Александар Стојаноски) преку методи на анализа и селекција подготви дата-база на фотографски и филмуван материјал од ахивата на ИД „Урсус спелеос“ која се однесува на природните убавини на заштитеното подрачје, пештерите и пештерската фауна. Во текот на планираните месеци, во соработка со ангажираните експерти ( Марјан Комненов и Александар Стојанов ) но и во соработка со останатите членови на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ се посетија,фотографираа и снимаа пештерите  Овчарска Пештера, Слатинска II, Горна Слатинска, Слатински Извор и Пурало како и површинскиот терен на заштитеното подрачје, опфаќајќи делови од планината Песјак и долното течение на Слатинска Река. По завршувањето на снимањето, се започна со обработување на селектираниот материјал од архивата на ИД „Урсус спелеос“ и ново снимениот материјал од теренските истражувања. Крајниот резултат на оваа активност беше добивање на промотивен филмуван материјал за СП „Слатински Извор“ и пештерска фауна во него, што дирекно ќе влијае врз зголемување на информираноста, знаењето и промовирањето на пештерската фауна. Промотивниот филм е изработен во 2 верзии ( македонска и со превод на англиски јазик ).

*Активностите се дел од проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

cave #cavefauna #macedonia #cavebats #proektGEFPMG