Работилницата за мониторинг на пештерска фауна во пештерите во СП „Слатински Извор“) беше насочена кон надоградба на капацитетите на Секцијата за заштита на лилјаци и пештери од ЕД „Треска“-Македонски Брод и нови едуцирани членови и практични знаења за членови од ИД „Урсус спелеос“ - Скопје. Трансферот на знаења за лилјакот мал потковичар и пештерското ракче, распознавање на лилјаците по род, броење на единки во колонии, фотографирање на пештерско ракче, практична примена на инструментот batdetector, како и правилата на однесување во пештерите кон пештерската фауна беа водени од експертите за пештерска фауна ( Марјан Комненов и Александар Стојанов ). Со оваа проектна активност се формира мобилна и едуцирана екипа за следење на пештерската фауна не само во заштитеното подрачје, но и на територијата на Р. Македонија. При посетата на пештерите се искористи спелеолошка опрема (шлемови, јажиња-динамични и статични, карабинери, десендери, спонки, градни, гуртни, чизми и водонепропусни комбинезони) од ИД „Урсус спелеос“ - Скопје. Едуцираната екипа се опреми со потребна спелеолошка опрема како: шлем, светло и комбинезон за во пештера.

*Активностите се дел од проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

cave #cavefauna #macedonia #cavebats #proektGEFPMG