ИД „Урсус спелеос“-Скопје го спроведува проектот „Обезбедување одржлива заштита на природата на споменик на природа „Слатински Извор““ кој е дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а спроведувана од УНДП.

Во рамките на проектот се набави дрон со цел мониторинг на заштитеното подрачје. Во период меѓу 24 и 28.09.2018 година, 2 члена на ИД „Урсус спелеос“-Скопје завршија обука за управување и мониторинг со дрон. Обуката се спроведе на спортскиот аеродром Стенковец, во близина на Скопје. Обуката беше спроведена од страна на стручни обучувачи за оваа проблематика.

На обуката согласно претходно утврдена методологија, преку теоретски и практичен дел се работеа следните теми:

·         Запознавање со перформансите и спецификациите на дронот

·         Запознавање со правила и прописи на летање во Република Македонија

·         Управување со дрон

·         Запознавање со временски услови кои влијаат на летот

·         Безбедносни проверки на дронот, пред и после летање

·         Користење на DJI GO апликација

·         Користење на далечинскиот управувач

·         Калибрација на дронот

·         Подготовка и проверка за стартување и полетување со дрон

·         Режими и техника на летање

·         Основни техники и опции за фотографија со дрон

·         Основни техники и опции за снимање со дрон

Обуката овозможи надградба на капацитетите на ИД „Урсус спелеос"-Скопје за мониторинг и подобрување на заштитата на споменикот на природа „Слатински Извор“. Стекнатите знаења и вештини може да се употребат и надвор од заштитеното подрачје за мониторинг и заштита на карстните предели.