Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ - финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

 

ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ЕНДЕМСКОТО ПЕШТЕРСКО РАКЧЕ (ALPIONISCUS SLATINENSIS) И ГЛОБАЛНО ЗАГРОЗЕНИОТ ЛИЛЈАК МАЛ ПОТКОВИЧАР (RHINOLOPHUS HIPPOSIDEROS) ВО ПЕШТЕРИТЕ ВО СПОМЕНИКОТ НА ПРИРОДА „СЛАТИНСКИ ИЗВОР“

Контакт: д-р Билјана Гичевски, проектен координатор

E- пошта: biljana_speleo@yahoo.com

Тел: 071-387-378

Во периодот од септември 2017 до август 2018 година во Споменикот на природа „Слатински Извор“, Македонски Брод ќе се спроведува проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче (Alpioniscus slatinensis) и глобално загрозениот лилјак мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Споменикот на природа „Слатински Извор“. Проектот ќе се спроведува од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје во соработка со локалната организација Еколошко друштво „Треска“-Македонски Брод. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и ИД „Урсус спелеос“-Скопје. 

Проектот е со вкупен буџет од 29.457 САД$, од кои 14.610 САД$ се обезбедени од страна на Глобален Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје и Еколошкото друштво „Треска“-Македонски Брод.

Генерална цел на проектот е да се заштитат природните живеалишта на пештерската фауна и истата да се промовира. Со помош на “in situ” конзервација на хабитатите на пештерската фауна се променува и подобрува состојбата на глобално загроезениот лилјак мал потковичар (Rhinolophus hipposiderоs) и ендемското пештерско ракче (Alpioniscus slatinensis), како и на останатата пештерска фауна во едно заштитено подрачје. Преку достапни информации, едукација и обука се промовира дел од разновидниот биодиверзитет, од една страна и се гради еколошка свест и однесување, од друга страна.

Главни проектни активности се:

1.   Работни состаноци со претставници од општина Македонски Брод и месна заедница на село Слатина со цел запознавање со проектните активности

2.   Истражување на јавното мислење за одржување на локалната средина преку развој на одржлив екотуризам/спелеотуризам во СП „Слатински Извор“

3.   Фотографирање на пештерско ракче и мал потковичар

4.   Изработка на промотивен филм за СП „Слатински Извор“ и пештерската фауна во него

5.   Изработка на web страна за пештерска фауна во СП „Слатински Извор“

6.   Изработка на техничко - градежна документација и поставување на заштитни врати на пештерите во СП „Слатински Извор“

7.   Поставување на информативна табла за пештерска фауна

8.   Организирање на работилница со засегнати страни од Македонски Брод и локално население од село Слатина со цел промовирање на пештерски биодиверзитетот во СП „Слатински Извор“ и практики за управување со заштитеното подрачје

9.   Организирање на работилница со младинци од ИД „Урсус спелеос“ - Скопје и ЕД „Треска“ - Македонски Брод со цел обука за мониторинг на пештерскиот биодиверзитетот во СП „Слатински Извор“

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и https://sgp.undp.org.

Дополнителни информации за уредниците

ГЕФ (www.TheGEF.org)

ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.

Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 13,5 САД$ милијарди во грантови и генерирајќи 65 САД$ милијарди во кофинансирање на преку 3.900 проекти во над 165 земји.

ГЕФ ПМГ (www.sgp.undp.org)

Основана во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ (невладини организации) во развиените земји во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/неразградливите органски загадувачи и спречување на деградацијата на земјиштето истовремено генерирајќи одржлива егзистенција.

Од своето постоење ПМГ има доделено над 14.000 грантови на над 12.000 заедници во 126 земји. Финансирана од ГЕФ како коперативна програма, Програмата за Мали Грантови ПМГ е спроведувана од УНДП и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации – УНОПС.

ГЕФ ПМГ Македонија (www.gefsgpmacedonia.org.mk)

Во Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот мај 2005- декември 2017 објавени се единаесет повика за поднесување на проектни концепти/ предлог проекти. Финансирани се 125 проекти (106 предлог проекти и 19 планирачки грантови) со вкупно доделена сума 2.281.400 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 2.710.013 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 13 автохтони и глобално значајни видови (1. Овца Праменка, 2. Македонскиот пчела, 3. Крава Буша, 4. Воден Бивол, 5. Жолт локвањ, 6/7. Локален вид на јаболка (циганка) и круши (сулија), 8. Лилјаци, 9/10. речиси исчезнати македонски риби речната пастрмка и речниот Вретенар Zingel балкански), 11. Кучето шарпланинец, 13, домашната кокошка – сребра, и 13. папрат; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 6 градови, намалување на 1000 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад во Југоисточна Македонија е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 23.000 кг пластичен отпад.