Обезбедување на одржлив развој во заштитеното подрачје Споменик на Природа „Слатински Извор“

  1. НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ:

Официјален наслов на проектот:

Обезбедување одржлив развој на заштитата на природата во споменикот на природата "Слатински Извор"

Краток назив на проектот:

Заштита на природата во СП "Слатински Извор"

2. ЗА ЗАШТИТEНАТА ОБЛАСТ:

СП "Слатински извор" е карстен предел. Постојат пет пештери кои се изградени во најстарите карпи на планетата Земја. Локалното ендемско пештерско ракче (Alpioniscus sletinensis) се забележува за прв пат во овие пештери. Изворската пештера Слатински извор е најважната пештера. Тоа е најдолгата пештера во земјата (должина од 4 км), прихранувањето на пештерата е од понорот на површинскиот тек Крушеска Река и од водата прокапница. Поради овие причини, пештерата се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО.

ПРЕДИЗВИК:
 
Локалното население во заштитеното подрачје најчесто се занимава со земјоделство. Во минатото, водата од Маркоска Река се користела за наводнување преку бразди. Поради интензивниот процес на карстификација, водата од браздите е намалена и нема доволно количество за наводнување. Поради тоа, локалното население почна да ја користи и водата од Крушеска Река. Оваа река врши прихранување на пештерата Слатински Извор преку понорот во речното корито. Како резултат на тоа, човечкиот фактор има директно влијание врз намалување на дотокот на вода кон пештерата Слатински Извор. Поради ваквите активности и климатските промени, природното прихранување на пештерата е прекинато. Со цел да се одржи природната еволуција на пештерата, потребен е постојан проток на вода во подземниот водотек во пештерата. Денес, во периодот кога локалното население ја користи површинската вода за наводнување, подземниот тек во пештерата е сув, додека за време на влажниот период од годината, протокот низ речниот тек е 100 л/сек. Ова јасно покажува дека пештерата е ранлива во сушниот период на годината, додека во текот на влажниот период еволуцијата е природна. Како резултат на тоа, не е прекината само еволуцијата на пештерата, туку и природните живеалишта на пештерната фауна. Со пресушување на Слатинска Река, исто така, е нарушено природното живеалиште на рибата Скобал, како и на пештерското ракче. Решението на проблемот е во промена на изворот на вода за наводнување. Оттука, природната средина на живеалиштата во пештерата и речната фауна може да се врати во природна состојба и да овозможи нормална еволуција на пештерата Слатински извор.
Шумските пожари се втората главна грижа. Заштитеното подрачје и неговата околина веќе неколку пати беа зафатени со шумски пожари. Во 2008 година околу 965 ха беа уништени, во 2014 година околу 270 ха и 6457ха во 2017 година. Како резултат на тоа, се уништени автохтоните растителни заедници, што предизвика миграција на фауната. Со ерозијата, почвениот слој се инфилтрира низ карпестите пукнатини и навлегува во пештерата Слатински Извор, со што се менуваат еколошките услови во пештерата и се нарушува природна циркулација на подземните води низ вадозната зона на пештерата, а со тоа се менуваат и загрозуваат животните услови на пештерската фауна.
Пештерата Горна Слатинска веќе е адаптирана за алтернативен туризам, но сепак во инфраструктурата недостасуваат дополнителни инфраструктурни зафати со цел да се подобри постоечката понуда.
Дополнително прашање кое влијае врз загадувањето на карстните води, кои исто така се користат како вода за пиење, е несистематското управување со отпад во оваа област.
Преку решавање на овие проблеми, локалните жители ќе имаат голема корист бидејќи им се овозможува да продолжат со земјоделските практики во чиста еколошка средина и ќе имаат подобри услови за живеење, но исто така и управувачот со СП ќе има корист преку зголемување на приходите.

3. ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
 
Овој проект ќе донесе придобивки за локалното население и за животната средина преку намалување на притисоците врз екосистемот.
 
Ова ќе се постигне преку:
• Вратена природна состојба на пештерата Слатински извор преку воспоставен нов мултифункционален систем за наводнување и противпожарна заштита.
• Воспоставен монитоинг и подобрување на противпожарната заштита во заштитеното подрачје.
• Пошумување.
• Подобрени животни услови на локалните жители.
 
4. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
 
• Локалното население ќе има корист од мултифункционалниот систем за наводнување и противпожарна заштита.
• Природното прихранување на пештерата Слатински извор ќе се врати.
• Мониторингот на карстните води ќе го подобри знаењето за функционирањето на карстниот систем.
• Ќе се пошумат 2 ха шумска територија со цел борба против штетните ефекти од ерозијата.
• Пештерската фауна во пештерата Слатински Извор ќе има поголеми шанси за преживување.
• Туристичката инфраструктура ќе ја подобри економската корист на локалното население.
 

ПАРТНЕРИ:
Општина Македонски Брод
Еколошко друштво "Треска" - Македонски Брод
 
ФИНАНСИРАНО ОД:
Овој проект е финансиран од Европската Унија и имплементиран во партнерство со УНДП и МЖСПП.
 
 
ПЕРИОД ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ:
Мај 2018 - септември 2019 година
 
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Билјана Гичевски – д-р по карстолошки науки
Телефон: +38971387378
e-mail: biljana_speleo@yahoo.com, contact@ursusspeleos.com.mk
http://www.ursusspeleos.com.mk/
 
Дејан Блажески - BSc во Handbal
Телефон: +38970343294
e-mail: dekiski@yahoo.com