Истражувачкото друштво "Урсус спелеос" - Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја. 

ИДУС е членка на Спелеолошка Федерација на Македонија (член на ИДУС е претседател на Федерацијата), Федерација на планинарски спортови на Македонија, Спелеолошка Федрација на Европска Унија (член на ИДУС е делегат во Федерацијата), Балканска спелеолошка унија (член на ИДУС е во претседателство на Унијата) и  Туристичка комора на Македонија. За наведените организации ИДУС има организирано повеќе спелеолошки табори и  експедици.


ИДУС тесно соработува со поголем број на владини и невладини организации, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Природно математички факултет (Институт за биологија, Институт за географија, Институт за хемија), Центар за управување со кризи, ЈПУЗПП "Јасен", Црвен крст на Македонија, Македонско еколошко друштво, Еколошко друштво "Треска" и др.

Како резултат на специфичната проблематика со која се занимава ИДУС и квалитетниот експертски тим, членовите активно се вклучени во активности поврзани со подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично.

За успешно извршување на своите активности, организација располага со следнава опрема:

  • лична и групна спелеолошка опрема за совладување на вертикални спелеолошки објекти. Од лична опрема поседува 15 комплети, за вертикална спелеологија, а од групна опрема  900 метри јаже, гуртни, карабинери, борачи и кладива, котури, шлемови итн. Наведената опрема која што ја поседува ИДУС, може да се користи и за спасителни акции, во пештери, јами и други урбани непристапни средини.
  • опрема за научни истражувања (падомери, ласерски мерачи, бусоли, ГПС), мерачи за квалитет на вода (спроводливост, ПХ вредност, присутност на хемиски елементи и др), термометри, метеоролошка станица, подводен фото апарат, камера.
  • комуникациски средства. Инсталирана  радио мрежа со покриеност на целата територија на СП Слатински Извор (6 мобилни радио станици Motorola и 1 Motorola базна станица).
  • деловни објекти располага со канцеларија на ул. Добромир Хрс бр. 20 а, и Истражувачки Центар во с. Слатина-СП Слатински извор.
  •  возен парк, теренско возило MITSUBUSHI Pajero  со 7 седишта.