Почетна
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Галерија
Линкови
 

 

 

 

 

     За Нас

 

Истражувачкото друштво "Урсус спелеос" - Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја.

ИДУС е членка на Спелеолошка Федерација на Македонија (член на ИДУС е претседател на Федерацијата), Федерација на планинарски спортови на Македонија, Спелеолошка Федрација на Европска Унија (член на ИДУС е делегат во Федерацијата), Балканска спелеолошка унија (член на ИДУС е во претседателство на Унијата), Туристичка комора на Македонија. За наведените организации ИДУС има организирано повеќе спелеолошки табори (Слатина 2002, Слатина 2003, Слатина 2004), спелеолошки експедици (Пешна 2007), како и организирање на Балкански спелеолошки собир 2010 на територија на заштитеното подрачје "Јасен".

ИДУС тесно соработува со поголем број на владини и невладини организации, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Природно математички факултет (Институт за биологија, Институт за географија, Институт за хемија), Центар за управување со кризи, ЈПУЗПП "Јасен", Црвен крст на Македонија, Македонско еколошко друштво, Еколошко друштво "Треска" и др. Со наведените институции ИДУС има остварено повеќе активности, како: објавување на стручни трудови (има приложено листа на објавени трудови), логистичка поддршка за истражување на спелеолошките објекти во споменикот на природа кањон Матка, промоција на алтернативен туризам на саем за туризам-Охрид 2010 и сл.

Како резултат на специфичната проблематика со која се занимава ИДУС и квалитетниот експертски тим членовите на ИДУС активно се вклучени во активности поврзани со подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично. Во продолжение се наведени дел од активностите, извештаите и студиите изготвени од Истражувачко друштво "Урсус спелеос" - Скопје:
  - Извештај за постоечката инфраструктурна опременост и мерки за подобрување на состојбата на пештерата Шаркова дупка (на барање од Национален парк "Маврово");
  - Извештај за постоечката инфраструктурна опременост и мерки за подобрување на состојбата на пештерата Самотска дупка (на барање од Национален парк "Галичица");
  - Мислење за влијанието на каменоломот врз животната средина и спелеолошките објекти во с. Белица (Македонски Брод) ( на барање од МЖСПП-Сектор Природа);
  - Промовирање на алтернативна туристичка тура низ заштитеното подрачје "Јасен";
  - Студија за прогласување на пештерата Слатински извор и неговата околина за споменик на природа (на барање од МЖСПП-Сектор Природа);


Листа на објавени трудови од членови на ИДУС:

1. Пештера Студен Кладенец. Зборник од Третиот Конгрес на географите во Република Македонија, Скопје, 2005.
2. Нови сознанија за подземните карстни форми во централните делови на Република Македонија. Билтен за физичка географија, бр. 3/4, 55-66, Скопје, 2007.
3. Деградација на подземните карстни форми во Поречкиот Басен. 3 Конгрес на еколозите на Македонија, Струга, 2007.
4. Категоризација на пештерите од Поречкиот Басен. Билтен за физичка географија, бр. 5, 137-143, Скопје, 2008.
5. Пештера Рамниште. Билтен за физичка географија, бр. 5, 127-135, Скопје, 2008.
6.
Science explorations of Ovcarska Cave from 1928 till today. IV th Europian Speleological Congres, Vercors, 2008.
7. Пропаст Јасика и нејзина намена. Билтен за физичка географија, бр. 6, 91-97, Скопје, 2009.


Листа на проекти и значајни активности:

  - "е-спелеолошки прирачник"
контакт: Федерација на Планинарски спортови на Македонија - проф. д-р Јовица Угриновски      е-маил:
contact@fpsm.org.mk, тел./факс 3165-540
  - "Спелеолошките објекти како дел од глобалното информирање" (во соработка со Спелеолошка Федерација на Македонија)
контакт: Фондација е-македонија-Славе Младеновски е-маил:
slave.mladenovski@mt.com.mk  
  - "Студија за пропаст Јасика - физичко географски и биоспелеолошки истражувања на пропаста и нејзина употребна вредност"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил: 
info@jasen.com.mk
  - "Студија за пропаст Срт- физичко географски истражувања и можности за валоризација на пропаста"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил: 
info@jasen.com.mk
  - "Физибилити студија за туристичка валоризација на Јасен"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил: 
info@jasen.com.mk
  - "Водич за планините и планинарските домови во Македонија" (во соработка со Федерација на планинарски спортови на Македонија)
контакт: Федерација на Планинарски спортови на Македонија - проф. д-р Јовица Угриновски      е-маил:
contact@fpsm.org.mk, тел./факс 3165-540



Специфична листа на проекти:

- "Студија за пропаст Јасика - физичко географски и биоспелеолошки истражувања на пропаста и нејзина употребна вредност"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил:
info@jasen.com.mk

- "Студија за пропаст Срт- физичко географски истражувања и можности за валоризација на пропаста"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил: 
info@jasen.com.mk

- "Физибилити студија за туристичка валоризација на Јасен"
контакт: ЈПУЗПП "Јасен"- Михаил Малахов е-маил: 
info@jasen.com.mk

- "Студија за прогласување на споменик на природа Слатински извор и околината"
контакт: МЖСПП-Сектор природа- Васил Атанасовски тел.: 075 430 602
 

Контакт:

Скопје тел: 02/ 5201147

Истражувачки центар Слатина  тел: 070/317-825

е-маил: contact@ursusspeleos.com.mk

 

 

 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани